Јовиќ: Сакав да одам во Дортмунд, но парите пресудија да потпишам за Реал Мадрид

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ открива дека во 2019 година бил блиску до трансфер во Борусија Дортмунд. Тогашните добри игри му донесоа потпис во Реал Мадрид, иако сметал дека за него најдобра опција се „милионерите“.

Подоцна ќе се покаже дека Јовиќ се чини погреши со изборот, затоа што играше само епизодна улога во таборот на „кралевите3, па една сезона беше позајмен во Ајнтрахт Франкфурт, а потоа после три години беше продаден на Фиорентина, од каде замина во Милан.

„Кога мојот менаџер ме праша каде сакам да одам од понудените опции, јас реков – Борусија Дортмунд! Имаше понуди сите правци, на крај финансиските причини одлучија. Не реков Реал, Манчестер или нешто слично. Сакав клуб кој ќе биде најдобар за мојот развој. Но, тоа не беше реално, со толку висока отштета, се земаат предвид само врвните клубови. Ако треба да одам во врвниот клуб, тогаш реков дека ќе одам во најдобриот. Затоа заминав во Реал Мадрид.

Се вчитува...