Подобрата заштита која доаѓа со Android 15 ќе направи мал проблем со функционалноста на Phone Link апликацијата. Оваа апликација, покрај другото, овозможува прикажување на известувањата од Android телефон на Windows компјутерите.
Со Android 15, известувањата кои содржат сензитивни информации, веќе нема да можат да се прикажуваат, односно Phone Link нема да има пристап до нив. Како вакви заштитени информации се сметаат тие кои содржат код за дво факторска автентикација, на пример.
Ова можеби претставува мало намалување на функционалноста на Phone Link и мала нелагодност за корисниците, но сепак тие добиваат подобра заштита со намалување на можноста ваквите информации да бидат пресретнати од малициозни апликации.
Според информациите, корисниците на Samsung, чии уреди доаѓаат со Phone Link вградена во системот, нема да го имаат овој проблем. Наводно, апликацијата кај овие уреди ќе има посебни дозволи, па корисниците ќе можат да продолжат да ја користат како и досега.
Како и да е, Microsoft веќе ги известува корисниците за промените, па ќе видиме што точно ќе испадне кога повеќе корисници ќе почнат да го користат Android 15.