28 Април, 2025
0.0317

„Макпетрол“ освои најмногу медали на државното карате-првенство

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2025 12:08

Добивај вести на Viber

Со девет медали „Макпетрол“ е најуспешен карате клуб на Државното сениорско првенство што викендов се одржа во Скопје. Екипата се закити со пет златни, три сребрени и едно бронзено одличје. Злато во поединечна конкуренција освоија: Симона Заборска (-55 кг.),Ангела Мојсовска (-68 кг.),Петар Спасеновски (-84 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.). „Макпетрол“ освои и прво место во екипна конкуренција, со тимот во состав: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ, Данило Божович и Спасо Илиевски.

Сребрено освоија Викторија Јовановска (-61 кг.) и Данило Божовиќ (+84 кг.), додека со бронза се закити Јована Мицовска (-61 кг.). Во женска екипна конкуренција „Макпетрол“ се пласира на втората позиција со тимот во состав: Симона Заборска, Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска и Јована Мицовска. Во вкупниот пласман на државното првенство втор е „Олимпик спорт 2007“, а потоа следуваат „Сансаи Метал Апостолов“, „Штип“, „Башкими“ и „Фунакоши Гичин“.

Државното првенство е најважно затоа што има изборен карактер за влез во сениорската карате репрезентација што треба да настапи на следното европско првенство. Тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски, изјави:

- За ова првенство имаме многу сериозни забелешки на делењето на судиската правда. Многу судиски одлуки неправедно беа досудени во наша штета. Неколку пати во текот на првенствата во неколку борби за медал, кога не беа досудени поени за нас, судиите на побараното прегледување (Ревју) на снимките од наша страна, одговараа дека од поставените камери наводно не се гледа дали е поен или не е поен техника и не ги прифаќаа нашите по правила дозволени тренерски реакции. Ова не е нов момент за нас, ние се бориме со оваа ситуација скоро две децении, навистина не знаеме која е причината и зашто одредени судии, немаат исти критериуми кога е во прашање досудување на поени за клубот и спортистите од „Макпетрол“. Следната недела има натпревар во плеј-оф, кога освојувачите на медали (првите четворица), во борба секој со секого, ќе треба да се изборат за конечниот влез во репрезентацијата. Се надеваме дека судиската организација ќе се консолидира, ќе ги исправи аномалиите и ќе постапува непристрасно, како што доликува на нивните судиски звања кои ги поседуваат - истакна Заборски.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Трчај за тие што не можат: Хуманитарната трка Wings For Life World Run ќе се одржи на 4ти мај!

Трчај за тие што не можат: Хуманитарната трка Wings For Life World Run ќе се одржи на 4ти мај!

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ НА ПОДИУМ ВО АВСТРИЈА

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ НА ПОДИУМ ВО АВСТРИЈА

Издржаа и кога не беше возможно: „Fashion weekend Skopje“- единствената светлост на македонската модна креативност

Издржаа и кога не беше возможно: „Fashion weekend Skopje“- единствената светлост на македонската модна креативност

Новите гласови на модата – третиот ден на FWSK

Новите гласови на модата – третиот ден на FWSK

Депозит што работи за тебе – парите се достапни во секое време, а добивката фиксна

Депозит што работи за тебе – парите се достапни во секое време, а добивката фиксна

PKS станува член на WTCA, Светскиот трговски центар Белград се отвора пред EXPO 2027

PKS станува член на WTCA, Светскиот трговски центар Белград се отвора пред EXPO 2027

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024” според вработените

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024” според вработените

Мапа за инвеститори - Водич за компании на кои им е важен одржливиот развој на државата

Мапа за инвеститори - Водич за компании на кои им е важен одржливиот развој на државата

Родители од четири општини утре во Гевгелија ќе учествуваат на работилница на „Макпетрол“

Родители од четири општини утре во Гевгелија ќе учествуваат на работилница на „Макпетрол“