logo
logo
logo

Вонредната седница на Владата на Србија, наскоро ќе се обрати Вучиќ

Vecer | 28.01.2025

Вонредната седница на Владата на Србија, наскоро ќе се обрати Вучиќ

На седницата присуствуваат премиерот во заминување Милош Вучевиќ и членови на Владата, објави Телеграф.

Претседателот Вучиќ ќе им се обрати на граѓаните по седницата, во 20:00 часот.

Вучевиќ претходно денеска поднесе неотповиклива оставка од премиерската функција и рече дека одлуката ја донел по синоќешните настани во Нови Сад кога беа нападнати студенти.

Вучевиќ рече дека ќе ја извршува својата должност додека не се избере нов премиер и дека целата влада сега е во оставка и во технички мандат.

Тој ја презеде функцијата премиер на Србија на крајот на април минатата година, откако Вучиќ на 30 март одлучи да му го довери мандатот за формирање влада.

Вучевиќ дотогаш беше министер за одбрана и лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС), а својата изјава ја достави до Собранието на Србија на почетокот на мај. Тој на оваа функција ја наследи Ана Брнабиќ, која сега е претседател на парламентот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk