• Горан Упале
Иван Ракитиќ си најде нов ангажман, кој ќе го комбинира со играње за Хајдук. Прославениот хрватски фудбалер ќе биде коментатор во емисијата „Tiempo de Juego“, која се емитува на мрежата „Cadena COPE“, една од најслушаните радио станици во Шпанија. За почеток, тој раскажа анегдота за шпанскиот судија Матеу Лахоз, кого често го среќаваше на терените додека играше за Барселона и Севиља.
„Матеу Лахоз во текот на натпреварот нè прашуваше: „Како си? Дали се е во ред? Како е семејството? И тогаш тој ќе ви даде картон без двоумење“, рече Ракитиќ
Лахоз е познат како еден од најконтроверзните судии кои често беа во центарот на вниманието за своите одлуки. Тој се повлече во 2023 година, по долгата кариера во Примера и Европа.
Ракитиќ најголемиот дел од својата фудбалска кариера го помина во Шпанија. Тој пристигна во 2011 година, кога Севиља го донесе од Шалке 04, а по три години беше купен од Барселона. Таму остана до 2020 година, потоа се врати во Севилја и остана до 2024 година. Накратко беше во Саудиска Арабија, во клубот Ал-Шабаб, а потоа пристигна во Хајдук.