ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Од:

Европската унија го одобри првиот сет на контратарифи за увоз од САД. Европската комисија, извршното тело на Унијата, објави дека царинските давачки ќе почнат на 15 април. Пакетот мерки беше објавен минатиот месец и опфаќа низа различни производи.

27-члениот блок претходно предупреди дека ќе преземе мерки за заштита на европските компании и потрошувачи откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за челик и алуминиум. ЕУ, исто така, се соочува со дополнителни царини од 20%, заедно со повеќе од 180 земји и територии, како што најави Трамп на 2 април.

„ЕУ ги смета американските тарифи за неосновани и штетни, бидејќи предизвикуваат економска штета на двете страни, но и на глобалната економија. Европската унија јасно стави до знаење дека претпочита преговарачко решение со САД, кое би било избалансирано и заемно корисно“, соопшти Европската комисија.

Европската унија планира да воведе царини до 25% на американски производи во вредност од 22,1 милијарди долари како одговор на тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. Овие мерки конкретно се насочени кон производи од држави кои традиционално се пријателски настроени кон Трамп, како што е Луизијана, од каде што е претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон.

Планираните царини опфаќаат земјоделски и индустриски производи, вклучувајќи соја, месо, тутун, железо, челик и алуминиум.

Европската унија планира директно да ги таргетира американските држави кои традиционално го поддржуваат Доналд Трамп со најавените царини, пишува Politico.

Околу 82,5% од американската соја што пристигнува во Европа доаѓа од Луизијана – родната држава на претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон. Токму производителите на соја минатиот месец остро ја критикуваа трговската агресија на Трамп, предупредувајќи дека царините „не треба да се земаат лесно“.

Би можело да ве интересира

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

Лавров: Подготвени сме да постигнеме договор со САД за Украина, Трамп е единствениот што разбира

Блумберг: САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има своја армија

Авион се урна во близина на воена база во САД

Трамп бара дозвола од Врховниот суд да спроведе забрана за трансродовите лица да служат во војска

Руте ќе го убедува Трамп да не ја принудува Украина да прифати мировен договор против нејзината волја