Објавено на:

Вардар е главен во Скопје, падна Работнички

t

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар триумфира во скопското дерби против Работнички со 2-0 во 22. коло од Првата лига.

Вардар беше поконкретен во нападот, а првата сериозна шанса за гол ја имаше во 35. минута, кога Азер Омерагиќ не реализираше пенал. Сепак, една минута подоцна Едис Спахиу успеа да искористи грешка на одбраната на Работнички и да погоди за 1-0.

Борбата продолжи и во второто полувреме, каде што Вардар во завршницата имаше неколку добри шанси, а една од нив во првата минута од судиското надополнување ја искористи Роџерс Мато за конечни 2-0.

Вардар со оваа победа скокна до деветтата позиција во Првата лига и има 20 бодови, додека Работнички е четвртопласиран со 41 поен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видевски: Го прашав зошто ја уби Вања,…

На претходното судско рочиште, обвинетиот Боре Видевски…

Кој е Мустафа Имери, првиот директор Албанец…

Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор…

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…

Трамп: Русија можеби „купува време“, и јас…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека Русија…

Вучиќ со нови ветувања откако ЕУ побара…

Иднината на Србија е во ЕУ, порачаа…