Полицајци од Штип барале скап часовник што „кучката Цеца го украла“ од затвореник!

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција раскажа како во штипскиот затвор се барал скап часовник.

Како што вели, ден претходно преку оградата била фрлена дрога, а двајца затвореници отишле доцна вечерта да ја бараат.

Нив им помогнале затворските полицајци.

„На видеото кое ќе виде испратено преку мејл, ќе видите дека од возилото излегува едно лице кое што доаѓа до ѕидот на затворот и преку ѕидот префрлува топка. На тревникот во затворот се појавувааат затвореници со иницијали Ж.Ж. и уште затвореник со инцијали Р.К. Двајцата бараат нешто низ тревникот. Се појавува затворски полицаец кој им вели дека не треба да се наоѓаат во тој дел од затворот во тој момент. По наредба на командирот, се повикани уште четворица затворски полицајци. Ж.Ж и понатаму говори на телефон и бара на тревникот и се поздравува со полицајците. Истите тие затворски полијаци се вклучуваат во потрагата на нештото по тревникот од затворот“, вели Пандов.

Како што додава, наредниот ден е пронајдена топка во која имало 35 грама кокаин и околу 50 грама марихуана.

Пандов вели дека кога се вршел увид, директорот ги прашал лицата што всушност барале а нивните објаснувања биле дека еден од затворениците си играл со куче по име Цеца која му го земала часовникот.

„Имал скап часовник кој што не го пријавил кога е донесен во затворот. Рекол дека кучката му го земала часовникот и побегнала по тревата и лицата му помогнале за да го побараат. По наредба на директорот формирана е Дисциплинска комисија. Одлучено е дека тројца од полицајците иако треба да бидат казнети, но за жал, не пронаоѓаат вина и веруваат дека они го барале часовникот. Тројца членови на Дисциплинската комисија гласале дека не се виновни полицајците, кажа Пандов и очекува адекватна санкција за сите инволвирани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното