17.04.2025 23:00
Вести Македонија

Финансиска полиција со демант- тврди дека постапила по пријавата на медицинскиот персонал вработен во ОНЕ хоспитал

Управата за финансиска полиција (УФП) демантира дека не постапувала по пријавите на вработени од приватната болница Оне хоспитал-Тетово и наведува дека пријавата испратена до Управата ја доставиле до Трудов инспекторат.

На електронска пошта на 1-ви јули 2024-та година биле доставени три претставки, во кои е наведено дека Општата болница Оне хоспитал – Тетово, нема исплатено парични средства по основ на личен доход за месец декември 2023-та година заклучно со април 2024-та година, регрес за годишен одмор, К-15 и додаток за ноќен труд, како и дека надоместокот по основ на дежурство од месец август 2023-та година воопшто не се исплаќа.

Во истите претставки било наведено дека не се исплатени парични средства за прекувремена работа и дека на вработените не им е овозможено целосно користење на деновите од годишен одмор.

-Со  оглед дека наводите од  пријавата се однесуваaт на дејствија кои  се предмет на надлежност на Државниот инспекторат за труд од наша страна на ден 22.07.2024 година е доставен  допис до Државниот инспекторат за труд за нивно понатамошно постапување и по завршување на проверките да не известат за резултатите од истите. Од страна на Државниот инспекторат за труд – Тетово, а со цел проверување на наводите на претставките бил извршен вонреден инспекциски надзор кај гореспоменатиот работодавец при што од нивна страна билo констатирано дека од страна на одговорното лице било сторeно кривично дело по член 166 став 1 и 2 од КЗ и врз основа на тоа државните инспектори за труд, а врз основа на член 20 од Законот за инспекција на трудот до Основно Јавно Обвинителство (ОЈО)-Тетово било доставено известување, се вели во демантот на Управата за финансиска полиција.

Од Управата за финансиска полиција велат дека на 14.11.2024. година, за случајот побарале известување од Обвинителство, по кое на ден 20.01.2025. година добиле одговор.

-Наведено е дека од страна на ОЈО Тетово е водена истражна постапка против Оне хоспитал и одговорното лице во правното лице по повод пријавен кривично правен настан за неисплатени плати и придонеси за сите вработени во Општата болница Оне хоспитал Тетово, за сторено кривично дело по член 166 од КЗ, по основ на која постапка пред Основен суд Тетово на ден 09.10.2024. година било доставено обвинение и на ден 18.10.2024. година од страна на истиот суд со пресуда К.бр.818/24 како правното лице така и управителот на правното лице се огласени за виновни и казнети по закон, судски акт кој претставува правен основа за побарување на плати и придонеси како и други договорени додатоци од плата за сите вработени во болницата, соопшти финансиска полиција.

За дел од претставките на докторите за неисплатен регрес од годишен одмор, додаток за ноќен труд, односно неисплатени дежурства, прекувремена работа и неискористени годишни одмори Управата посочува дека претставуваат основи за граѓанско побарување на договорени права, преку поднесување на граѓанска тужба пред надлежен суд.

Од Финансиската полиција пренесуваат дека во одговорот на јавниот обвинител е наведено дека сите вработени од Општата болница, но и самите пријавители можат да се обратат до Основниот суд Тетово за добивање на препис од погоре посочената пресуда за натамошно остварување на нивните права и интереси во граѓанска постапка за неосплатените плати и надоместоци.

Медицинскиот персонал од приватната „Оне Хоспитал“ Тетово на протест

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растaт на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе