ВИДЕО: Сите деветнаесет пулени на Лазаров тренираа во полн „погон“, Македонија спремна за СП!

Македонската ракометна репрезентација го одржа последниот тренинг пред премиерниот натпревар на Светското првенство, каде ќе се соочиме со силната селекција на Унгарија. 

Сите 19 избраници на селекторот Кирил Лазаров беа во „погон“ и тренираа со максимален интензитет во малата сала во Вараждин, што автоматски значи дека нашата селекција има позитивен здравствен биланс. 

Во текот на утрешниот ден нашите репрезентативци ќе имаат кратко загревање во салата во комплексот „Свети Мартин“, каде впрочем и е сместена нашата делегација. Натпреварот против Унгарија ќе се одигра утре со почеток во 20:30 часот.