Lifestyle
НАСА НУДИ 3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ
05.04.2025
НАСА понуди награда од три милиони долари за пронаоѓање на иновативно решение за управување со отпадот на потенцијалната база која би била отворена на Месечината. Проектот носи назив LunaRecycle и има за цел да се изнајде одржлив систем за собирање или рециклирање на отпадот во вселената, без да се враќа на Земјата или да „согорува“ со атмосферата.
На Меѓународната вселенска станица (ИВС), отпадот сега се пакува во специјални ќеси и се складира во посебни делови на лателото, а потоа тоа се враќа на нашата планета и се соговорува во земјината атмосфера.
Теоријата за Кеслеровиот синдром, која е развиена во 1978 година од страна на научниците Доналд Кеслер и Бартон Пале, предупредува на опасностите од сè погустиот вселенски сообраќај. Колку повеќе предмети испраќаме во орбитата: сателити, ракети, делови од авиони, толку е поголем ризикот од судир. А судирите создаваат уште повеќе остатоци, што доведува до верижна реакција на опасни судири, но и повеќе отпад во вселената.
НАСА предупредува дека моментално има повеќе од 10.000 сателити и над 100 трилиони парчиња вселенски отпад во орбитата на Земјата. Доколку се случат посериозни судири, некои од последиците би биле: губење на интернетот, прекин на мобилната телефонија и телевизиските сигнали, па дури и тешкотијата за следење на временските и климатските промени, пренесува Бизлаив.
фото freepic