Македонија

Кои се македонските компании што имаат средства од 4,1 милијарди евра?

Автор: Владимир Николоски

13 март 2025, 06:30

Таканаречените ОФИ имаат учество од 21,2 проценти во вкупните средства на финансискиот сектор

Раст на средствата во 2024 година

Во растот предничат пензиските и инвестициските фондови

Кои се македонските компании што имаат средства од 4,1 милијарди евра?

Euro (Ilustracija Depositphotos)

Владимир Николоски

Вo четвртиот квартал на 2024 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаa ниво од 255,2 милијарди денари (4,15 милијарди евра), што претставува квартален раст од 12,4 милијарди денари (202 милиони евра), покажуваат новите податоци на Народната банка. Тие учествуваат со 21,2 проценти во вкупните средства на финансиските институции во земјава.

Во останати финансиски институции (ОФИ) се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг

 

Во рамките на структурата на останатите финансиски институтции, најголемо учество од 65,5 проценти во вкупните средства имаат пензиските фондови, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 14,6 проценти. 

„Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во четвртиот квартал на годината, се зголемија на квартална основа за 5,1 проценти,  главно под влијание на зголемените средства на пензиските фондови“, информираат од Народната банка.

Оттаму додаваат дека дополнителен позитивен придонес кон кварталниот раст имаат средствата на инвестициските фондови, додека останатите потсектори имаат помало позитивно влијание, со исклучок на осигурителните друштва кај коишто е забележан пад на средствата.

„Годишниот раст од 21 проценти во поголем дел се должи на зголемените средства на пензиските фондови, при помал позитивен придонес и на останатите потсектори, којшто е поизразен кај инвестициските фондови“, наведуваат од Народната банка.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 51,9 проценти и 26,3 проценти, соодветно), додека на страната на обврските, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 53,1 и 37,8 проценти, соодветно).

„Анализирано по инструменти, на страната на средствата, растот на квартална и на годишна основа пред сѐ е одраз на зголемените вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност, а во помал обем и од валутите и депозитите и побарувањата врз основа на кредити. На страната на обврските, промената кај двете основи во најголем дел се должи на зголемените капитални сметки и техничките резерви на осигурувањето“, соопшти Народната банка.

 

Каква е состојбата кај пензиските фондови?

Во четвриот квартал на 2024 година, кварталната и годишната стапка на раст на вкупните средства на пензиските фондови (задолжителни и доброволни) изнесуваат 5,1 проценти односно 20,5 проценти, покажуват податоците на Народната банка.

„Нагорната промена кај двете основи се должи на повисоките вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност, при дополнителен позитивен придонес и на останатите побарувања, со исклучок на валутите и депозитите кај коишто е забележан пад на средствата. На страната на обврските, кварталниот и годишниот раст во целост произлегуваат од зголемените капитални сметки и техничките резерви на осигурувањето“, наведуваат од Народната банка.

Шт ги зголемува средствата на осигурителните компании?

Вкупните средства на осигурителните друштва во последниот квартал од минатата година, остварија квартален пад од 1,2 проценти, како резултат на намалувањето на останатите побарувања и техничките резерви на осигурувањето, во услови на забележан раст кај останатите инструменти.  Во споредба со четвртиот квартал минатата година, средствата на осигурителните друштва се зголемени за 8,2 проценти, во поголем дел поради повисоките инвестирања во должнички и сопственички хартии од вредност, со дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти. 

„На страната на обврските, кварталното намалување пред сè се должи на падот на останатите обврски и техничките резерви на осигурувањето, во услови на остварен раст кај капиталните сметки. Годишниот раст на обврските главно е резултат на зголемените технички резерви на осигурувањето, а во помал дел и на капиталните сметки“, посочуваат од Народната банка.

Значителен раст кај инвестициските фоднови 

Од Народната банка информираат дека во четвртиот квартал на годината, вкупните средства на инвестициските фондови бележат квартален и годишен раст од 20,6 проценти и 60,6 проценти, соодветно, во најголем дел поради повисоките валути и депозити и вложувањата во сопственички и должнички хартии од вредност.

„На страната на обврските, растот на квартално и на годишно ниво е одраз на зголемените капитални сметки“, наведуваат од Народната банка.

Во последниот квартал од 2024 година, вкупните средства на финансиските друштва забележаа квартално и годишно зголемување од 2,7 проценти и 12,7 проценти, Соодветно, укажуваат од Народната банка. Најголемиот дел од средствата на овој потсектор се однесуваат на побарувањата врз основа на кредити, коишто на крајот на декември изнесуваат 10,6 милијарди денари (172 милиони евра).

„Кварталната и годишната стапка на раст на кредитната активност на финансиските друштва изнесуваат 0,8 и 8,9 проценти, соодветно. Дополнителен придонес кон растот на средствата кај двете основи имаат и останатите побарувања, а на квартална основа и вложувањата во должнички хартии од вредност. На страната на обврските, промената на квартална основа во целост се должи на растот на капиталните сметки, додека годишната промена во поголем дел произлегува од зголемените капитални сметки и обврски врз основа на кредити, при помал дополнителен придонес и на останатите обврски“, наведуваат од Народната банка. 

Во податоците за четвртиот квартал од 2024 година се опфатени 35 финансиски друштва, 9 друштва даватели на финансиски лизинг, 16 осигурителни друштва, 24 инвестициски фондови и 11 пензиски фондови

Вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг во четвртиот квартал од минатата година бележат квартален и годишен раст од 5,2 и 29,2 проценти, соодветно.

„Најголемиот дел од средствата на овој потсектор се побарувањата врз основа на кредитите, коишто достигнаа 10,3 милијарди денари (167 милиони евра) и се зголемија на квартално и на годишно ниво за 4 проценти и 24,4 проценти, соодветно“, информираат од Народната банка. 

На страната на обврските, кварталниот раст главно произлегува од повисоките обврски врз основа на кредити, а во помал обем и од зголемените капитални сметки, при забележано намалување кај останатите обврски. Годишниот раст е предводен од зголемените обврски врз основа на кредити, а позитивно влијание имаат и капиталните сметки и останатите обврски.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во четвртиот квартал на 2024 година, вкупните средства на друштвата за управување со пензиските и инвестициските фондови се зголемени за 5,3 проценти на квартална основа, под влијание на растот на валутите и депозитите и должничките хартии од вредност, со дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти, во услови на мал пад кај побарувањата врз основа на кредити.

„На годишна основа, средствата на овој потсектор бележат раст од 11,5 проценти во најголем дел како резултат на растот на должничките хартии од вредност, валутите и депозитите и сопственичките хартии од вредност. На страната на обврските, растот кај двете основи целосно произлегува од повисоките капитални сметки и останатите обврски“, наведуваат од Народната банка.

Одлични резултати: Средствата на ОФИ во Македонија достигнаа 3,2 милијарди евра
Финансии

Одлични резултати: Средствата на ОФИ во Македонија достигнаа 3,2 милијарди евра

Годишниот раст од 16,1 проценти во најголем дел произлегува од зголемените средства на пензиските фондови, а позитивни движења се остварени и кај останатите потсектори

05.09.2023

Автор: Владимир Николоски

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите