24.04.2025 02:09
Вести Македонија Топ вести

Николов: Беше страшно, преживеавме хорор

„Беше навистина страшно, редок случај на овие простори од тие размери, така што стварно преживеавме хорор“. Вака Александар Николов се сеќава на таа кобна ноќ во дискотеката „Пулс“ на 16 март. Тој успеал навреме да излезе, за потоа да се врати и да помогне на другите. Во ниту еден миг, ниту јас, ниту моите пријатели не се сомневавме дека дискотеката во која со години со нетрпение ги чекавме викендите ќе биде причина за ваква трагедија, вели тој.

„Имаше многу голема паника. Стампедото што беше до вратата, имаше 200-300 луѓе, еден до друг. Само се гледаше како луѓето подаваа раце за да им се помогне, за да бидат извлечени од огнената стихија. И помагавме на кој можевме, обезбедувањето, исто така, помагаше цело време, пожарникарите, од Итната помош луѓето што пристигнуваа. Беше многу страшно“, изјави Александар Николов од иницијативата „Support Kocani“.  

Денеска Николов е дел од тимот на платформата „Support Kocani“ во која волонтира како графички дизајнер. Вели дека во ниту еден миг не планира да ја напушти земјата и родното Кочани кое во моментов со оваа платформа ја покажа солидарноста за семејствата на загинатите и повредените во пожарот. Донации доаѓаат од цел свет, најголем дел се од Македонија, вели Ненад Ристов, кој е дел од тимот програмери во Support Kocani.

„По три недели активна работа можам да кажам дека имаме повеќе од 250.000 евра автоматски процесуирани донации, бројката е поголема од тоа што ние имаме процесуирано. И голем дел од луѓето и не ни праќаат потврда дека имаат донирано“, изјави Ненад Ристов од иницијативата „Support Kocani“.

„Support Kocani“ и понатаму ги разгледуваат сите можности за како да се помогне на семејствата на повредените по рехабилитацијата која може да трае подолго време.

„„Support Kocani“ ќе опстојува сè додека е потребно за граѓаните. Веќе има идеја да опстојува и како хуманитарна организација или организација за Кочани и понатаму. До кога не знам, но имаме во план да опстојува долго време“, изјави Дарко Стоилов од иницијативата „Support Kocani“.

„Support Kocani“ е интернет кампања која обединува повеќе организации, физички и правни лица кои имаат извршено донација на трансакциските сметки на повредените и роднини на загинатите во несреќата во дискотеката „Пулс“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Промовиран романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Дејан Дејан

Тренчевска: Kапиталните инвестиции во 2024 изнесуваа 16 посто, а денес 10 посто

Дејан Дејан

Три ипол години казна затвор за Стевчо Јакимовски пресуди Кривичен, за изградбата на административната зграда на општината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе