Вардар Жени 2019 – Пелистер Волеј 0:3
(23:25; 19:25; 17:25)
Пелистер Волеј на три кола до крајот ја оствари најзначајната гостинска победа оваа сезона над екипата на Вардар од Скопје, со што и математички стана недостижен до крајот на сезоната.
Денес екипата предводена од најискусните, капитенот Најдановска (15) и Белокозовска (14) одигра одличен натпревар на кој нашите девојки покажаа решителност во остварување на целта за оваа сезона.
-Иако во првиот сет не започнавме најдобро, по рекцијата на тренерот и двата тајм-аути екипата ги консолидите редовите и цврсто покажа дека нема намера да предаде ниту еден сет кој го реши во своја пилза со 25:23. Веќе во вториот интретиот сет намповршина исплива поголема самодоверба и девојките не дозволија никакво изненадување, па мечот го завршија онака какони пто ветија со максимални 3:0 и победа вредна нови 3 бода, што во суштина е и гаранција за прволигашкиот пласман на две кола пред крајот,
-Долги 3 годинини го должевме ова на нашата Битола, на нашата публика, па ете сега нашиот град повторно ќе има прволигаш, се враќаме таму каде бевме цели 6 сезони, а за нашите планови и амбиции во блиска иднина, ќе обелодениме по комплетното завршување на сезоната, порачаа од Пелистер Волеј.