Општество
Зголемен бројот на доктори на науки во Македонија
25.03.2025
Звање доктор на науки во 2024 година стекнале 215 лица, што е зголемување за 23,6 отсто во споредба со 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците кои ДЗС ги објави денеска, најголем број од лицата, 22,4 проценти, докторирале во областите здравство и социјална заштита.
- Потоа, 16,7 отсто - уметност и хуманистички науки, следуваат бизнис, администрација и право со 14,4 отсто, општествени науки, новинарство и информирање со 11,6 отсто, а останатите области се со помал процент на застапеност.
Од вкупниот број лица што докторирале во текот на 2024 година, 106 или 49,3 проценти се жени.
фото freepic