МАКТЕЛ

    

Сами си ги убивме децата

      

Васил Јованов е еден од „успешните“ во „скапанава“ држава. Еден од оние кои заедно со мама и тато успешно го надмудруваат системот. Уште како малолетник, во 2021 година ја добива првата судска опомена за нарушување, на јавниот ред и мир. Следната година удира во паркиран автомобил и повредува жена, сопатник, која се согласила да не биде гонет кривично и да плати 18 илјади денари во буџетот, за потоа во изнајмен стан да му бидат најдени марихуана и кокаин. За тоа, со адвокат се брани пред судот, се кае за срамот што им го предизвикал на своите родители и тврди дека веќе се откажал од дрогата.

   

Па така судијката која веќе е објавена со име и со презиме, наместо во затвор му изрекува мерка за во воспитно поправен дом, која уште не е правосилна, бидејќи Апелација по половина година се уште не одлучила. Бил четири месеци во Шутка, но со пресудата оваа мерка му е укината. Судот проценил дека тој доаѓа од функционално семејство, со оглед на тоа дека татко му работел во АРМ, а мајка му имала исто така успешна кариера. И така тој никогаш не го добил она што му следува, се додека не излезе од својот скап автомобил кој го возел без возачка дозвола, пијан и не сфатил дека на пешачки премин на црвено, убил невина девојка. Тогаш вика и вришти, проверува дали девојката е жива и сфаќа дека сега со врски не може да врати човечки живот.

Јавноста дозна за недопирливиот откако беа објавени делумно точни информации од извори во Министерството за внатрешни работи дека Јованов претходно бил фатен со дрога и имал многубројни сообраќајни прекршоци. Најмногу повикано за неговата неказнивост беше скопското јавно обвинителство на чело со обвинителот кого власта го пенали со месеци. Откако обвинителството се исчисти, префрлајќи ја одговорноста, на ред дојде судот и судијката која наместо во Шутка го пратила во воспитно поправен дом. А судот порача дека ова е општествен, а не правосуден проблем. И наместо да се бараат точни информации и вистината, се впрегнаа партиските „ботови“ на социјалните мрежи, што повеќе да го зацрнат судско-обвинителскиот систем, а да прикажат колку МВР на чело со Тошковски е успешно. А па другите да прикажат дека таткото бил близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Но, недопирливите се заштитени од сите, затоа што кај нас тоа што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари и лажна моќ и влијание. Седиме на маса и паметуваме како некој наш пријател во странство платил дури 1.000 долари оти го фатиле како вози под дејство на алкохол. Ама тоа е таму нормално, кај нас не е. Оти тука светот се врти околу нас и околу нашите малечки принцови и принцези кои се чудо од дете. Тие не смеат да добијат помалку од петка, ним не смее наставникот да им повиши тон и да им каже дека згрешиле.

Тие се трауматизираат, ги знаат своите права. Нив за се ги бива и од самото раѓање знаат дека мама и тато се многу “битни” и тие се нешто повеќе од другите. И така се создава тој систем кој го слави и воздигнува незаслуженото, неодговорноста и феноменот „знаеш кој сум јас“. Не, јас не знам кој си ти, но ти ќе дознаеш кој си кога изопачените вредности кои сте ги негувале во „функционалното“ семејство ќе ти се удрат од глава и ќе ти го уништат животот. И тука нема никој недопирлив да биде поштеден. Може ќе има лажна успешна професионална кариера и пари, но нема никогаш да го има она што се добива искрено, без да се бара нешто за возврат, без да се има некаква корист.

Но, тука ќе настрадаат и невините, оние кои крваво се борат за подобар живот. Ним треба да ги заштити државата, а тука е и МВР, не само судиите и обвинителите. Тие не соопштија официјално колку прекршочни пријави имал Јованов, како се дозволило упорно да дивее по скопските улици без сообраќајна дозвола. Судот и обвинителството веќе излегоа со сите официјални податоци за Јованов, какви и да се. И додека се протестира за неказнивоста и изигрувањето на системот, Министерството одлучи да пласира неофицијално, делумно точни информации. А новинарите да бидат горди што тоа го „откриле“.

Сите институции се должни јавно официјално да ги соопштат информациите што сите нас не засегаат, точно и прецизно, а новинарите да го пренесат она што е точно. Ние не сме ниту Твитер, ниту Фејсбук, имаме одговорност за се што ќе напишеме, без разлика дали е официјално или неофицијално, а не да бидеме дел од неправедниот систем. Тезата дека ако Јованов бил во Шутка немало да се убие девојче е иста со тезата дека ако веќе Тошковски го имплементираше „Сејф сити“ до јануари оваа година, како што ветуваше, Јованов може претходно ќе бил фатен на камерите и ќе се преземело нешто. Но, најверојатно ќе се калкулира со „Сејф сити“ до локални избори, за гласачите да не бидат многу казнувани. Сепак народот ја избира власта, а од тој народ секој седми е партиски послушник. Најлесно е да тргнеме против другиот, но најтешко е да тргнеме против самите себе, да ја кажеме вистината, а не она што сакаат да го слушнат другите. Да се погледнеме прво себеси, колку сакаме ние да бидеме неказнети, колку сме функционално семејство и како неправедно се бориме со неправдата. Неправедна борба за неправда е најголема неправда.

  

Најново

И српскиот пазар реагираше на веста за воведување царини од САД, купувачите се повлекуваат

Sase Ivanovski

Поради европската директива, Бугарите ќе пушат поскапи цигари

Sase Ivanovski

Обновени пешачките премини на дел од улица Козле

Sase Ivanovski

Француската екстремна десница ја гледа Русија како мултидимензионална закана

Sase Ivanovski

Загина 34-годишен маж во трагична сообраќајка на патот Штип-Карбинци

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски до пензионерите: Направете бесплатен стоматолошки преглед

Sase Ivanovski

Милошоски: Улогата на парламентите неопходна за вреднувањето на ревизорските извештаи

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Филков од Љубљана: Сега е моментот кога Европската Унија мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи – МВР: Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење

Sase Ivanovski

Oпштина Центар, Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Sase Ivanovski

Трамп му се поклонува на Путин – дали ова ќе предизвика раздор меѓу Русија и Кина?

Sase Ivanovski

Доаѓаат велигденските бонуси за хрватските пензионери

Sase Ivanovski

Жените во сенка на традицијата- време ли е за промени?

Sase Ivanovski

Украинската одбрана се урива поради блокадата на американското разузнавање, Курск во хаос

Sase Ivanovski

Се возобновува идејата за воспоставување на директна авиолинија Скопје – Прага

Sase Ivanovski

Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови, вели Герасимовски

Sase Ivanovski

Изненадување од Халмед- спрејот Вентолин засекогаш се повлекува од аптеките?

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн?

Sase Ivanovski

Трипуновски: Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа, стоковите резерви да се полнат со македонски производи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски од СДС забега, се сврте против САД и се занимава со рекла-кажала муабети

Sase Ivanovski

Од затрупано британско приморско одморалиште, руските шпиони лансираа стапици и заговори за шпионажа

Sase Ivanovski

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено, се зголемува бројот на противпожарни интервенции

Sase Ivanovski

Русија со дронови нападна осум региони на Украина, реагираше украинската влада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вработените во безбедносните служби ќе одат на детектор за лаги за да се открие од каде протекуваат информациите

Sase Ivanovski

Зеленски патува во Саудиска Арабија, но нема да присуствува на разговорите со американската делегација

Sase Ivanovski

Руте во посета на Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski

Трамп не се откажува од Тикток, во САД има четири потенцијални купувачи

Sase Ivanovski

Израел ја прекина струјата во Газа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Америка повторно ќе ги споделува разузнавачките информации во Украина

Sase Ivanovski

Братучедот на Џеј-Ди Венс до неодамна војуваше во Украина

Sase Ivanovski

Русија и САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради Сирија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Венс и неговата тригодишна ќерка се соочија со проукраински демонстранти: Викаа и ми го исплашија детето

Sase Ivanovski

Среде бел ден малолетници ограбиле врсник на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено, се зголемува бројот на противпожарни интервенции

Sase Ivanovski

ЛЕЈДИ ГАГА БИЛА НА РАБОТ НА РАЗУМОТ ПРЕД 5 ГОДИНИ Пејачката раскажа како љубовта ја спасила од психозата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Америка повторно ќе ги споделува разузнавачките информации во Украина

Sase Ivanovski

ТРАМП НЕ БИЛ ЗАДОВОЛЕН ШТО КРАЛОТ ЧАРЛС ГО ПРИМИЛ ЗЕЛЕНСКИ Најмногу го навредила нивната заедничка фотографија

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

Sase Ivanovski

Трамп не се откажува од Тикток, во САД има четири потенцијални купувачи

Sase Ivanovski

Русија со дронови нападна осум региони на Украина, реагираше украинската влада

Sase Ivanovski

Зеленски патува во Саудиска Арабија, но нема да присуствува на разговорите со американската делегација

Sase Ivanovski

Руте во посета на Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

Sase Ivanovski

“Можеби ќе се вљубат” Трамп се пошегува со американските астронаути заглавени на МВС

Sase Ivanovski

Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

Со гаранција од 600.000 евра, струшкиот наркобос излегол од притвор

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинското време

Sase Ivanovski

Романија: Забрана за крајниот десничар Џорџеску да се кандидира на претседателските избори

Sase Ivanovski

Новиот премиер на Канада веднаш зазеде тврд став кон Трамп:„Некој се обидува да ја ослабне нашата економија“

Sase Ivanovski

Гренланд оди на важни избори, островот е на чекор до независност

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со мала облачност

Sase Ivanovski

Исчезна 13-годишно момче од Шуто Оризари

Sase Ivanovski

Промени во Хрватска – ХДЗ веќе не е најпопуларна партија

Sase Ivanovski

Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако двегодишно девојче почина по напад од глутница

Sase Ivanovski

Осквернавен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче – ископани посмртни останки

Sase Ivanovski

Зеленски утре ќе го претстави мировниот план – руските напади продолжуваат

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во САД, слета на паркинг

Sase Ivanovski

Еден загинат во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Ресен

Sase Ivanovski

Сирискиот лидер: Се обидуваат да не вовлечат во граѓанска војна

Sase Ivanovski

Владата со измени на Закон ќе ги професионализира онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Рубио и Маск се судрија со полскиот министер на X – биди тивок мал човеку

Sase Ivanovski

Дете почина на скијање во Словенија

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Ресен – Битола – возилата се пренасочуваат по стариот пат

Sase Ivanovski

Најголемите европски гиганти во воената индустрија: Еве кој ќе се опари од 800 милијарди евра, колку ЕУ планира да потроши за вооружување

Sase Ivanovski

KOД: Градинки на ТИРЗ, спасени функционери од суд, децениски спор за семејна куќа

Sase Ivanovski

Евростат: Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ за 2023

Sase Ivanovski

ПОЛСКА СО ПОРАКА ДО МАСК – Полјаците плаќаат за услугите на Старлинк за Украина

Sase Ivanovski

Американски суд ја осуди Кина на 24 милијарди долари за прикривање информации за Ковид-19

Sase Ivanovski

„ЗАЕДНО МОРА ДА СТАНЕМЕ ПОСИЛНИ“: Мерц би сакал да разговара со Франција и Британија за споделување нуклерано оружје

Sase Ivanovski

ТИМОТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Нема да се извиниме за расправијата во Овалната соба

Sase Ivanovski

Мицкоски: Физибилити студија покажа дека паркингот на Клинички центар треба да биде менаџиран од приватен оператор

Sase Ivanovski

МИНЕРАЛНИТЕ НЕ СЕ ДОВОЛНИ – Трамп бара многу повеќе за да продолжи да испраќа помош за Украина

Sase Ivanovski

Следува најтоплото лето на Балканот – суши, бури и топлотни бранови

Sase Ivanovski

ТРАМП ЗА РУСИЈА: Сериозно размислувам за санкции и царини

Sase Ivanovski

Науката го има одговорот: Зошто лабрадорите и некои луѓе се секогаш гладни?

Sase Ivanovski

Сестрински тандем за победа: Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ триумфираа на „Женско рели“!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Париски сендвич со шунка и путер прогласен за најдобар во светот – колку чини ова „уметничко дело“?

Sase Ivanovski

Бранко Коцкица паднал и си ја повредил главата: Легендарниот актер сега откри каква му е состојбата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Срцепарателен почеток: Емитувана првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ без Саша Поповиќ

Sase Ivanovski

Нова студија: Само една непроспиена ноќ го нарушува нашиот имунолошки систем

Sase Ivanovski
Вчитувам....