22 Април, 2025
0.0300

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

Објавено во: Економија 07 Април, 2025 11:49

Добивај вести на Viber

АД Енерџи Еколинк на бизнисменот Ајри Шеј заработи 50 милиони денари во првата година откако лани ја купи скопската топлана Север. Ова е објавено во годишната завршна сметка за 2024 што е поднесена до Македонска берза.

Сепак, покрај приходот од околу 820.000 евра, пријавена е и загуба во првата година од работењето од 15 милиони денари, односно 250.000 евра. Ова условно може да се каже и дека е позитивен резултат, ако се знае дека претходните години топланата, која во енергетската криза беше менаџирана од државата, бележеше поголеми загуби неколку години по ред.

Приходот се движи околу сумата која е одобрена од Регулаторната комисија за енергетика врз основа на реалните трошоци за купување на природен гас за работа на топланата, како и оперативните трошоци. Прогнозите на РКЕ беа дека Енерџи Еколинк би можел да заработи околу милион евра во првата година од работењето.

Ајри Шеј, бизнисмен познат како сопственик на „Инфософт Системс“, е генерален директор и претседател на Управниот одбор на Енерџи Еколинк, компанијата која од минатата година менаџира со оваа топлана за загревање на северниот дел од Скопје. Шеј претходно преку друга компанија ја купи топланата од „Топлификација во стечај“ за 350.000 евра лани во февруари.

Топлана Скопје Север снабдува со парно јавни институции во Чаир и Бутел и околу 500-тини домаќинства. Топланата Скопје Север се продаваше на јавна берзанска аукција по моделот се или ништо, и за неа се бараа 350 илјади евра од новиот сопственик. Ова следуваше откако Топланата претходно се нудеше за сума од еден милион евра, но тие пари никој не беше подготвен да ги плати, а потоа се бараа и 600 илјади, но и за оваа сума не се најде заинтересиран купувач. 

Останатите две топлани во Скопје - Исток и Запад ги поседува „Адора“, но ги дава под закуп во договор со АД ЕСМ. Државните електрани управуваат со двете топлани и снабдуваат природен гас за нивната работа преку свои фирми-ќерки.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Највисоката плата е исплатена во секторот основни фармацевтски производи

СЕ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Највисоката плата е исплатена во секторот основни фармацевтски производи

ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: ММФ објави дека светската економија ќе забави

ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: ММФ објави дека светската економија ќе забави

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ: Потребни се повеќе пари за живот

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ: Потребни се повеќе пари за живот

ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНИ СРЕДСТВА: Цената на златото проби нова граница

ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНИ СРЕДСТВА: Цената на златото проби нова граница

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ: Ова се максималните цени

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ: Ова се максималните цени

ВО СТРАНСТВО ПРИМАТЕ ГЕРМАНСКА ПЕНЗИЈА? ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ ЗА ДАНОЦИТЕ - еве каде ќе бидат оданочени вашите приходи

ВО СТРАНСТВО ПРИМАТЕ ГЕРМАНСКА ПЕНЗИЈА? ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ ЗА ДАНОЦИТЕ - еве каде ќе бидат оданочени вашите приходи

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Директор си поднесе оставка во ЕСМ по осум месеци

Директор си поднесе оставка во ЕСМ по осум месеци