Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

Од:

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог изјави дека Украина може да се подели „речиси како Берлин по Втората светска војна“, како дел од мировниот договор.

Келог предложи британските и француските војници да ги преземат контролните зони на западот на Украина, додека руската армија да остане на истокот на земјата, а меѓу овие зони да бидат украинските сили и демилитаризирана зона, пишува „Тајмс“.

Келог рече дека англо-француските сили на западната страна на реката Днепар, која ја дели Украина од север кон југ и тече низ Киев, нема да дејствуваат како „провокација“ за Москва.

Би можело да ве интересира

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади