Бизнис

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ФРЛАЊЕ НА ХРАНА ОД ТРГОВСКИТЕ СИНЏИРИ

30.03.2025

Словенија ќе стане втората европска земја што ќе го забрани фрлањето храна од трговските синџири, со донесување закон според кој храната што се ближи до својот рок на траење или се уште е добра за малопродажна употреба ќе биде донирана на хуманитарни организации.

Како што пренесува Агроњуз, во Франција во 2019 година стапи на сила законот со кој се бара од супермаркетите, големите дистрибутери на храна и производителите да не ја фрлаат храната.

Според извештајот на Обединетите нации, во 2022 година, околу 19 отсто од глобално произведената храна, или околу 1,05 милијарди метрички тони, биле залудно потрошени ширум светот, пренесува Политика.

ПРЕПОРАЧАНО