• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонската репрезентација останува 67. на априлската ФИФА ранг-листа

Македонската репрезентација останува 67. на априлската ФИФА ранг-листа

Нион, 3 април 2025 (МИА) – На најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација, Македонија остана на 67. место.

„Црвено-жолтите“ во мартовскиот циклус на Мундијалските квалификации го победија Лихтенштајн и ремизираа со Велс. 

Од нашата група Белгија е 8-ма, Велс 29-ти, Казахстан се наоѓа на 113. место, Лихтенштајн е на 205. позиција. 

Лидер во светскиот фудбалски поредок е Аргентина, пред Шпанија и Франција. Во Топ 10 се и: Англија, Бразил, Холандија, Португалија, Белгија, Италија и Германија.

Следната листа ќе биде објавена на 10 јули. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан