Протестен марш во Кочани: „Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица“

Од:

Голем број граѓани од Кочани денеска учествуваа во протестниот „Марш за ангелите“ што го организираа семејствата на починатите млади во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Мирниот собир почна во Паркот на Револуцијата во 12.05 часот, како симбол на задоцнетата институционална реакција, а потоа граѓаните се упатија кон Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Задржувајќи се кратко пред институциите, присутните упатија прашања за одговорноста на надлежните и побараа правда за своите деца.

-Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица, истакна една од мајките на починатите.

Присутните додадоа дека ако сите институции си ги извршувале своите задачи до трагедијата немало да дојде. Маршот заврши на истото место од каде што и почна, а граѓаните нагласија дека ќе бараат правда за своите најмили.

Претходно, во писменото известување за маршот организаторите нагласија дека тој не е за лицата од обезбедувањето во дискотеката, а граѓаните кои не го прифаќаат тоа укажување не мора да се приклучуваат.

Би можело да ве интересира

Oбвинителство за седум полицајци бара притвор, тројца се обезбедени со претходна постапка

Рехабилитацијата на дел од повредените од Кочани и нивното заздравувањето ќе потрае и до две години

Горан Наумовски

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Десет полицајци замижале пред неправилностите во кабарето „Пулс“ и му дозволиле незаконски да работи

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани