Вести
Гостиварец возел со 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
31.03.2025
МВР информира дека вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар - Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од село Вруток кој возел со брзина од 173 километри на час.
З.С. управувал моторно возило „голф“, а дозволената брзина на авотатот е 80 километри на час.
Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Извор/фото МИА