Независниот советник Крстевски вели дека со него никој не разговарал на темата иден градоначалник на Кочани
Кој ќе биде идниот градоначалник на Кочани - по веста дека независниот советник Венко Крстевски би можел да го наследи Папазов, и дека за ова има консензуална поодршка од партиите, самиот Крстевски се огласи со изјава во која вели дека со него досега никој не разговартал на оваа тема
„Почитувани сограѓани, по однос на написите за градоначалник сакам да кажам дека со мене лично ништо не е разговарано и договарано. Сега не е време за поделби во Кочани, сега е време за обединување и затоа сметам дека кој и да е градоначалник од редовите на советниците треба да е со широк консензус.“ - вели Крстевски.
Дополнително тој наведува што се треба да се направи за да може Кочани повторно да застане на нозе. Освен завршување на неколку иунфраструктуирнио проекти дополнително вклучување на сите кочанчани во возобновување на градот преку низа на доброволни иницијативи и акции, наведува Крствески.