• Иван Димовски
Реал Сосиедад одигра херојски меч на „Сантијаго Бернабеу“, ама беше елиминиран од Реал Мадрид во полуфиналето на Купот на Кралот (4-4). По победата на гости „кралевите“ во продолженијата успеаја да стигнат до резултат кој ги одведе во финалето.
Водеа гостите во два наврати и имаа дури 1-3, меѓутоа недоволно за пласман понатаму. Тренерот Иманол Алгуасил по натпреварот реши да ја коментира ситуацијата при голот за 3-3 на Орелиен Чуамени. Пред да падне голот од корнерот имаше очигледна офсајд позиција од Мбапе, ама не беше досудено ништо.
„Голот на Реал за 3-3 дојде од очигледен офсајд на Мбапе. Јасно е дека тој беше во недозволена позиција во акцијата пред корнерот од кој падна голот. Тоа е офсајд и треба секогаш да се суди. Не знам зошто не беше така и овојпат.
Реал Мадрид е голем клуб и нема потреба од толкава помош на судиите. Тврдам дека не би го признале голот ако паднеше на другата страна“, изјави тренерот на поразениот тим.
Одигра тимот од Баскија храбро во двомечот со Реал Мадрид и со кренати глави може да ја прифати елиминацијата.