Еден од најважните органи е црниот дроб, тој не само што служи како филтер за прочистување на крвта, туку создава и хормони без кои не би можеле да живееме. Црниот дроб најчесто страда поради начинот на кој живееме. Затоа е многу важно да научите како да ги препознаее симптомите што укажуваат на тоа дека црниот дроб почнува да откажува.
Во повеќето случаи, црниот дроб трпи оштетувања поради лошите навики - како што се консумирање големи количини алкохол, пушење или прејадување со нездрава храна. Ако црниот дроб е под голем притисок, тогаш нема да може да ги разградува мастите и да создава енергија, а вие ќе се чувствувате уморно.
Знаци дека црниот дроб „страда“:
Абдоминална болка
Според доктор Брус Бејкон, еден од најчестите знаци за проблеми со црниот дроб е болката во пределот на стомакот. Исто така, тој укажува дека ќе почувствувате болка или оток во горниот десен дел на абдоменот, а тоа се случува бидејќи подебелиот дел од црниот дроб се наоѓа на таа страна.
Жолтица
Д-р Џамила Вејкинг Флеминг наведува дека очите и кожата пожолтуваат бидејќи оштетениот црн дроб ослободува билирубини во крвта, кои се со жолта боја, а наутро тоа е очигледно на лицето.
Болки во зглобовите
Флеминг нагласува дека повраќање, болки во зглобовите, замор и губење на апетит се симптоми на заболување на црниот дроб, најчесто автоимун хепатитис. Тоа е состојба во која вашиот имунолошки систем ги напаѓа клетките во црниот дроб и се јавува почесто кај жените отколку кај мажите.
Оштетувања на кожата
Ако црниот дроб не ја чисти крвта правилно, тогаш крвта може да се згрутчи на површината на кожата. Ова е причината зошто луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб имаат црвени дамки или пеги на кожата.
Конфузност
Еден од знаците за оштетување на црниот дроб е збунетоста. Според Флеминг, оштетениот црн дроб може да предизвика акумулирање бакар во мозокот и крвта. Ова може да доведе до симптоми слични на Алцхајмерова болест. Исто така, конфузијата се појавува кога болеста на црниот дроб напредувала.
Губење на мускулната маса
Ако вашиот стомак е неприродно отечен и „подуен“ и ако имате оток во зглобовите, а рацете и нозете ви се тенки и слаби, можно е течноста во вашето тело да не е правилно распоредена поради заболување на црниот дроб.
Можно е знаците на болеста да се појават и околу слепоочниците и над образите, пренесува „Men's Health“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата