Утрински Весник
Македонија

На комисиска расправа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми

20250401171347 Big 730x400 38.webp.webp

На денешната седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна, една од главните цели на Законот за медиуми е гарантирањето на слободата на изразување и слободата на медиумите. Целта на овој Предлог на закон, како што се посочува,  е внесувањето на онлајн медиумите-интернет портали во делот на дефиниции, каде би се набројале покрај веќе наведените „весници, магазини, програми на радиото и телевизијата, телетекст и други средства за дневно или периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пишана форма, звук или слика, со цел да се информираат и задоволат културните, образовните и другите потреби на пошироката јавност“. Предвидено е онлајн медиумите во Законот за медиуми да бидат претставени под терминот „онлајн медиуми-интернет портали“.


-Во делот од Законот каде се дефинира издавачот на медиум се предлага дополнување со дејноста која ја вршат онлајн медиумите-интернет портали, покрај дејностите кои ги вршат печатените медиуми и радиодифузерите. Измените и дополнувањата на Законот за медиуми ќе бидат и во насока на воспоставување Регистар на онлајн медиуми-интернет портали, кој јасно ќе ги определи критериумите со податоците за нивно регистрирање/евидентирање. Со донесувањето на измените на законското решение ќе се испочитуваат препораките зацртани во Патоказот за владеење на правото, кој ги опфаќа клучните реформски приоритети во „Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права“ во делот на слободата на изразување. Имплементацијата на препораките содржани во европските политики ќе овозможи зголемена транспарентност на онлајн медиумите во делот на сопственоста, рекламирањето и финансирањето, подобрување на конкурентноста, заштита на уредничката независност, подобрени права на новинарите. На овој начин, онлајн медиумите ќе ги остварат сите права, но и обврски како и сите други медиуми, се наведова во образложението за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Во Собранието денеска седница ќе одржи и Комисијата за култура и туризам, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права во прво читање.

Можете да прочитате

Кражба или нешто повеќе? Претурање по папки од ОЈО поврзани со „Онкологија“

Вечерва клучен состанок на коалицијата Вреди

СДСМ утре објавува нов скандал за тендерски мрежи во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ