Дончиќ: Два дена ми траеја како еден месец, проверував да не е први април!

t

Лука Дончиќ и официјално е промовиран како нов играч на Лос Анџелес Лејкерс. Трејдот кој го здрма кошаркарскиот свет се оствари, а Ентони Дејвис заврши во Далас Маверикс.

На промоцијата, Лука истакна дека минатите денови му биле многу тешки, но е среќен што ќе има шанса да игра за најголемиот клуб на светот.

„Искрено, ми беше многу тешко на почеток. Првиот ден беше навистна тешко. Последните 48 часа како да ми траеја еден месец. Емотивно бев паднат, но сега е многу подобро. Многу сум среќен што добивам ваква шанса. Ова е ЛА Лејкерс, најдобриот клуб на светот и среќен сум. Кога ми кажаа за трејдот бев шокиран, морав да проверам на календарот да не е први април. Ама сега сум среќен за моето ново патување во НБА, како што кажав ќе играм за најдобриот клуб на светот и возбуден сум за тоа“, изјави Дончиќ.

Словенечкиот шутер нема играно од Божиќ заради повреда, но се очекува набрзо да биде на теренот за да дебитира за Лос Анџелес Лејкерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за обидот за убиство на вработена…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Сахарска прашина доаѓа во Македонија

Во делови на Европа стигнува прашина од…

ТВ21: Приведени Ејуп Рустеми и уште три…

Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку…

Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…