ДУИ: Богојевски ги навредува Албанците и вредностите на ЕУ, да се повлече одлуката

Од:

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови – институција што има за цел да ги приближува младите кон европските вредности, а не да ги навредува и понижува, велат од ДУИ.

– Именувањето на човек кој целата своја јавна и политичка кариера ја изгради со навреди и омаловажување кон Албанците, претставува директна провокација не само за Албанците во Северна Македонија, туку и за самата европска идеја во земјава.

Посебно иронично и трагично е тоа што истиот овој поединец беше предмет на кривична пријава токму од партиите на ВЛЕН во Владата – а денес, со нивна поддршка, е награден со водечка функција.

Овој чин е јасен сигнал: навредите кон Албанците не само што не се санкционираат, туку и се наградуваат со државни позиции.

Тоа претставува опасна порака дека секој што сака да гради политичка кариера, доволно е да ја понижува албанската заедница.

Дополнително, доверувањето на управувањето со европски фондови на човек кој не само што упатувал навредливи пораки до Албанците, туку и до самата Европска унија и нејзините вредности, претставува понижување и за европските партнери и за даночните обврзници на ЕУ, кои ги финансираат овие програми.

ДУИ повикува на итно повлекување на оваа срамна одлука и враќање на сериозноста во процесите што се однесуваат на европската интеграција, образованието и соживотот.

Владата не смее да си дозволи да ја претвори државата во сцена за евтини провокации, на штета на соживотот и европската перспектива, се вели во реакцијата од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Мицкоски урива сè што е градено со труд и посветеност со години

Горан Наумовски

ДУИ: Со месеци нема плата за вработените во Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани