Завршувањето на осминафиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони ги официјализира осумте екипи кои продолжуваат во битката за европскиот клупски трон, а познати се и четвртфиналните парови, па Sport Life веќе извади нови квоти за играта „кој оди понатаму“.
Ако се погледнат квотите, фаворити за место во полуфиналето се: Барселона, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, па полуфиналните двојки би требало да бидат: Барса – Баерн и ПСЖ – Реал, но и Интер, Арсенал, Борусија и Астон вила не се за потценување.
Барса и ПСЖ се најголеми фаворити на хартија, имаат полесни противници од тие на Баерн и Реал, затоа и квотите се такви. Доколку верувате дека некој аутсајдер ќе се пласира во полуфинале, може да уплатите во Sport Life и да добиете супер квота.
Барселона сега е прв фаворит за освојување на трофејот во ЛШ, по нив следуваат ПСЖ и Реал, додека Баерн е четврти. Најмали шанси им се даваат на ланскиот финалист Борусија Дортмунд и европскиот првак од 1982 година, Астон вила.