ВМРО-ДПМНЕ: Со денешното делување во Собранието, СДС сакаше да го спречи покачувањето на пензиите
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 14 март 2025
СДС, како и во повеќе наврати до сега, покажа дека е против парите да завршуваат кај граѓаните.
Овој пат СДС се стави против една од најважните категории граѓани, пензионерите, кои работниот век го поминаа придонесувајќи за македонското општество.
Со денешното делување во Собрание, СДС сакаше да го закочи и спречи покачувањето на пензиите, линеарно за сите пензионери.
СДС прави се само да ги блокира процесите, како и да спречи парите да завршуваат граѓаните, а во конкретниот случај од денес, кај пензионерите.
Помина времето кога СДС можеше да прави што сака во државата. Во институциите постои ред, поредок и законски процедури кои секој треба да почитува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива