Зеленски: Новите разговори со Американците може да се одржат следната недела
Украинскиот претседател Володимир Зеленски посочи дека следната рунда преговори со Американците за прекин на огнот може да се одржи следната недела.
-Оваа недела веруваме дека Американците ќе имаат средба со Русите на одредено ниво. Мислиме дека нашата средба со Американците би можела да се случи следната недела, рече Зеленски во разговор со новинарите.
Тој потсети дека Русија ги прекршува договорите за прекин на огнот во енергетските капацитети и мир на море.
„Првиот разговор беше пред речиси еден месец помеѓу Трамп и Путин. Путин тогаш рече дека сè е договорено, нема да има удари врз енергетскиот сектор. После тоа јасно забележавме удари врз енергетскиот сектор, односно договорот не функционира, рече Зеленски, пренесен од украинскиот Интерфакс.
Тој додаде дека Трамп е изнервиран што Путин не го исполнува тоа што му го ветил.
-Мислам дека Трамп е изнервиран што Путин не го исполнува тоа што му го вети. Не знаеме се што разговараа. Но, знаеме многу. И навистина очекуваме да има реакција, рече Зеленски на средбата со новинарите.
Тој додаде дека прекинот на огнот во Украина може да даде поттик за ставање крај на војната.
-Примирјето во Украина е идеја на Трамп. Разбираме дека ова е првиот чекор кон завршување на војната. Тој има интерес за овој чекор. Затоа мислам дека неговата иритација е поголема отколку што замислуваме. Затоа што, всушност, ние го поддржуваме неговиот план со нашите чекори. Апсолутно. А Путин прави сè спротивно, истакна Зеленски.
Украинскиот претседател, исто така, верува дека Трамп во одреден момент ќе може да каже дека е „невозможно да му се верува на Путин“.
Како што наведе, плановите на Русија да склучи договор со САД за заедничко ископување на руска територија подразбираат делумно деблокирање на економските односи меѓу земјите и укинување на санкциите против голем број руски олигарси, а Украина работи тоа да не се случи.
Според него, Русите предлагаат овој договор да се склучи преку првиот човек на рускиот Фонд за директни инвестиции (РФДИ), Кирил Дмитриев, кој, како што наведе, е еден од преговарачите на Владимир Путин со Американците.
Според него, Украина може да добие безбедносни гаранции само за време на прекинот на огнот или за време на потпишувањето на втората фаза од завршувањето на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Никој едноставно нема да ни даде безбедносни гаранции за време на непријателствата во Украина… Затоа, можеме да ги добиеме само за време на прекинот на огнот или во моментот на потпишување на втората фаза на завршување на војната, рече тој.
Како што наведе тој, САД ветија дека ќе преземат соодветни силни чекори доколку не може да се постигне целосен прекин на огнот.
-Не знам кои ќе бидат тие чекори. Тие знаат дека ни се важни санкциите и воената поддршка за Украина. Ќе ги почекаме овие два чекори, нагласи Зеленски.
Зеленски посочи дека идниот договор за минерали треба да биде од корист и за Украина и за САД и рече дека „никој нема да може да го притисне по ова прашање“.
Тој го критикуваше пристапот на американскиот министер за финансии Скот Бесант за склучување на овој договор.
-Мислам дека проблемите на Бесент се во неговиот пристап, оцени Зеленски.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска