Компании

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување

Извор: Samuel Stolton/Bloomberg

2 април 2025, 10:14

Истрагата на ЕУ откри дека 16 големи производители на возила над 15 години работеле здружено

Компаниите се договарале за начинот и степенот на рециклирање на дотрајаните возила

„Фолксваген“, „Рено“ и „Стелантис“ се меѓу најтешко погодените компании

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување

Bloomberg Mercury

„Фолксваген“ (Volkswagen AG), „Рено“ (Renault SA) и „Стелантис“ (Stellantis NV) се меѓу најтешко погодените компании во пакетот казни од 458 милиони евра (495 милиони американски долари) изречени од Европската Унија против производителите на автомобили за учество во нелегален картел за рециклирање возила што се за на отпад.

Истрагата на ЕУ откри дека 16 големи производители на автомобили, како и Европската асоцијација на производители на автомобили, пред повеќе од 15 години склучиле договори против пазарната конкуренција. И покрај учеството во картелот, „Мерцедес Бенц“ (Mercedes-Benz Group AG) ги избегна казните затоа што го пријави заговорот.

Највисока е казната за „Фолксваген“, која изнесува 128 милиони евра. Истовремено, оваа казна е генерално највисока спогодбена во оваа индустрија на ЕУ. Следува казната од 81 милион евра за „Рено“ и партнерот „Нисан“ (Nissan Motor Co.), а потоа и казната од речиси 75 милиони евра за „Стелантис“. Пакетот на казни на ЕУ вклучува и парична казна од 25 милиони евра за БМВ (Bayerische Motoren Werke AG) и 24 милиони евра за „Тојота“ (Toyota Motor Corp).

„Фолксваген“ соопшти дека компанијата ја дознала донесената одлука и дека целосно соработувала со Комисијата во текот на истрагата.

Во паралелен случај, британското антимонополско тело вчера соопшти дека изрекло казни од над 77 милиони фунти (100 милиони долари). Тие вклучуваат казна од 14,8 милиони фунти за „Фолксваген“ и казна од 18,5 милиони фунти за „Форд“ (Ford Motor Co).

Репресијата на картелот доаѓа во страшно време за автомобилската индустрија во целина, бидејќи компаниите од тој сектор се соочуваат со трговските давачки наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. Минатата недела тој потпиша наредба за спроведување царина од 25 отсто за увоз на автомобили и клучни автомобилски делови. Царините ќе стапат во сила на 3 април, во 00:01 часот по вашингтонско локално време, а акциите во големите производители на автомобили добија удар по таквата неодамнешна обврска наметната од Белата куќа.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Европската комисија вчера соопшти дека автомобилските фирми што се под нејзина истрага направиле заговор меѓу себе да не им плаќаат на демонтерите на автомобили за обработка на возилата на крајот на нивниот животен век, бидејќи го сметале тоа како профитабилен бизнис за себе.

„Производителите исто така се согласиле да не се натпреваруваат едни со други во рекламирањето на степенот до кој нивните автомобили би можеле да се рециклираат и со тоа се согласиле да молчат за рециклираните материјали што се користат во нивните нови автомобили“, наведе во соопштение шефицата на антимонополската унија на ЕУ, Тереза Рибера.

„Нема да толерираме картели од каков било вид, а тоа ги вклучува и тие што влијаат на свеста на клиентите и на побарувачката за производи што се поприфатливи за животната средина“, додаде таа.

Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство во посебна изјава објави дека фирмите незаконски се согласиле да не се натпреваруваат една против друга кога рекламираат колкав процент од нивните автомобили може да се рециклираат. Тие исто така незаконски се договарале за да избегнат плаќање на трети страни за рециклирање на автомобилите на нивните клиенти што се за на отпад, се наведува во извештајот.

Договорот што го потпишале фирмите го нарекле „џентлменски договор“ (го именувале како „ELV Charta“).

Во соопштението на „Рено“ се истакнува дека ситуацијата датира од 2002 година, во време кога структурата на секторот за рециклирање возила на крајот на нивниот животен век беше сè уште во зародок, како и самата комуникација за животната средина. Од оваа компанија велат дека групата ја зајакнала својата програма за усогласеност за да спречи појава на такви ризици, додека истовремено е транспарентна во своите јавни комуникации.

„Стелантис“ рече дека целосно соработувал со властите на ЕУ и Обединетото Кралство во текот на овие истраги и таа соработка довела до спогодби за помали казни. Во соопштението од оваа компанија се истакнува дека тие парични средства веќе биле обезбедени и прикажани во резултатите на компанијата во цела 2024 година.

 

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите