• Иван Димовски

Карлос Алкараз уште на самите почетоци се најавуваше себеси како следната тениска сензација. На 21-годишна возраст Шпанецот веќе има два трофеи на Вимблдон, а по еднаш ги освојуваше Ролан Гарос и УС Опен.
Според аналитичарот Матс Виландер, не е добро за толку млад тенисер да ги комплетира сите четири трофеи на Грен слем турнирите пред сè за неговата мотивација.
„Ако Алкараз успее да го освои трофејот на Австралија Опен, ќе значи дека со 21 година станал најкомплетен во историјата. Мислам дека тоа за него не би било добро. Не би требало само со 21 година да постигнеш толку многу. Не треба толку млад да знаеш добро да играш на трева, земја и бетон, како и на најбрзите подлоги на светот и да победуваш... Карлос во мај ќе наполни 22 години и никогаш никој не бил така комплетен тенисер на тие години. Дури ниту Роџер Федерер не беше.
Дали за него најважно е толку млад да ги комплетира сите четири Грен слем титули? Мислам дека не. Мислам дека сега е подобро да не го постигне тоа. Сите си земаме здраво за готово дека ќе биде како Федерер, Надал или Ѓоковиќ“, прокоментира Виландер.
Алкараз на стартот во Мелбурн ќе тргне против Александар Шевченко.