And Just Like That - третата сезона ветува модна екстраваганција

27 мај 2024

Ќе се сложите дека модните изданија на главните актерки од And Just Like That веднаш би ве привлекле доколку сте вљубеници во модата, дури и да не сте запознаени со приказните кои досега ги понуди продукцијата на серијата која е вид продолжение на познатата "Сексот и градот".

И откако официјално започна снимањето на третата сезона, која би се очекувала да биде премиерно прикажана во 2025-та година, вниманието веднаш ни го привлекоа омилените девојки од Менхетен. Исто како и во претходната тв серија "Сексот и градот", и во продолжетокот And Just Like That се вбројуваат многу екстравагантни и луксузни креации, а многу од нив и со печатот на познати дизајнери.

Во продолжение ви прикажуваме некои од најубавите изданија кои ги видовме на сетовите од снимањето на третата сезона, а се надеваме на уште повпечатлива мода до официјалната премиера.

Фото: Getty Images

 

Објавено:
27 мај 2024
Категорија: 
Актуел