Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за финанскиски средства за шаховски клубови и здруженија

Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови или здруженија, од областа на шахот чиешто регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Основни услови за доделување на финансиска поддршка на шаховските спортски клубови во Општина Битола се:

-да го поттикнуваат и унапредуваат шахот како спорт;

-да го популаризираат шахот и опфатот на што повеќе млади во своите клубови/здруженија;

-да ја реализираат програмата за развој на шахот;

-да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;

-да се грижат за унапредување на младите категори;

-да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;

-своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 10.02.2025 година и трае заклучно со 21.02.2025 година. 

Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/sahovski-sportski-klubovi/.