Која храна е тивкиот убиец на луѓето со висок притисок

Високиот крвен притисок е познат под називот „тивок убиец“, па освен оштетување на бубрезите и губење на видот неговото неконтролирање често доведува и до смрт. Ако ви е дијагностициран висок притисок, обавезно престанете да ги јадете следните намирници и продолжете си го животот.

Според податоците на американскиот Центар за контрола на болести и превенција повеќе од половина луѓе и не знаат дека имаат проблем со високиот притисок или не го контролираат редовно, што одведува до голем ризик за нивното здравје.

Високиот крвен притисок е познат под називот тивок убиец“, па освен оштетување на бубрезите и губење на видот неговото неконтролирање често доведува и до смрт. Ако ви е дијагностициран висок притисок, обавезно престанете да ги јадете следните намирници и продолжете си го животот.

Доколку имате проблеми со високиот крвен притисок потребно е да го намалите внесот на храна која содржи натриум.

Американската асоцијација за срце истакнува дека вишокот натриум доведува до повлекување на водата од крвните садови и се создава вишок крв што предизвикува зголемен крвен притисок. Исто така, докажано е дека најмногу натриум внесуваме преку солта која во прекумерни количества ја има во брзата, пакуваната и храната во рестораните. Оваа институција предупредува дека во овие намирници се додава најмногу натриум:

Кифли и переци: еден перек може да содржи и до 230 мг натриум;

Сувомеснати производи – и до 2 000 мг натриум во 100 г;

Пица – едно парче може да содржи дури 760 мг натриум;

Пилешко само 100 г готови пилешки стапчиња за похување може да содржат 600 мг сол;

Супа од ќесичка – една шолја готова, купечка, супа може да содржи неверојатни 940 мг натриум.

ВАЖНО

Луѓето со висок крвен притисок треба да внимаваат на одредени намирници кои можат да го влошат нивното здравје. Еве некои од „тивките убијци“ во исхраната:

1. Сол и солени производи

  • Преработени меса (салами, колбаси, сланина)

  • Чипс, солени грицки, брза храна

  • Конзервирана храна (туршија, маслинки, сардини, супи во кесичка)

2. Засладени пијалаци и шеќер

  • Газирани пијалаци

  • Енергетски и спортски пијалаци

  • Слатки (торти, колачи, чоколада со многу шеќер)

3. Наситени и транс масти

  • Брза храна (помфрит, хамбургери)

  • Маргарин и пржена храна

  • Кекси, индустриски пецива

4. Алкохол

  • Прекумерно пиење алкохол го зголемува крвниот притисок

5. Кофеин (во големи количини)

  • Претерана консумација на кафе или енергетски пијалаци може да предизвика скок на притисокот

За контролирање на висок крвен притисок, важно е да се консумира свежа храна, богата со калиум (банани, спанаќ, авокадо), магнезиум (ореви, семиња) и да се пие многу вода. 🚰💚