Добри вести за Литванците, ветеранот од НБА лигата ќе игра на Евробаскетот

Откако Литванија доби лоша вест дека Домантас Сабонис нема да игра на Евробаскетот, сега пристигна информација за утеха. 

Литванскиот селектор Римас Куртинаитис потврди дека ќе може да смета на НБА ѕвездата Јонас Валанчиунас. Искусниот центар ќе настапи на својот шести Евробаскет во кариерата, а зад себе има две сребра од 2013 и 2015 година. Интересно, дебитантскиот Евробаскет за Валанчиунас беше во 2011 година, кога Македонија го сруши литванскиот сон во четвртфиналето со неверојатна победа. 

Центарот на Сакраменто Кингс се очекува да биде една од главните алки во тимот на Литванија. 

Евробаскетот ќе стартува на 27 август и ќе се игра во Финска, Кипар, Полска и Летонија. Селекцијата на Литванија ќе игра во групата Б во Финска против Црна Гора, Германија, Финска, Шведска и Обединетото Кралство.