Вардар долговите ќе ги враќа на рати – сметката ќе биде одблокирана!

t

Oд редовите на Вардар информираа дека клубот го започнал процесот на одблокирување на сметката и според најавите во наредниот период тој дел би требало да биде среден.

Вардар постигнал договор со УЈП за врќање на долгот на 36 рати, додека кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор сметките ќе се подмируваат на десет рати.

„АД ФК Вардар – Скопје ја известува заинтересираната јавност дека стартуваше со одблокирање на сметката на клубот која беше блокирана од сите претходни раководства во последните 8 години. Денеска стартуваат два договори. Со приложена 120% гаранција исплаќање на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаќање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати“, информираа од Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Павел Христов – тивок херој кој четирипати…

Павел Христов, роден во 2004 година, е…

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде…

Апасиев поднел барање за утврдување одговорност за…

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев…

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…