Следете не

Хроника

Андреј Лазаров од ФК Шкупи загина во несреќата, вчера играше против ФК Пелистер, страшно!

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video FFM Live

И Македонскиот фудбал тагува, Андреј Лазаров не издржа. По веста дека се бара, и бил пронајден, па итно хоспитализиран во Болницата во Штип, поради влошување на состојбата на повредите од изгореници и вдишувањето на чад почина младиот Лазаров (25), истакнат член на прволигашот ФК Шкупи. Трагичната вест за јавноста ја потврди неговиот матичен клуб, кој истакна дека и Лазаров учествувал во спасување на останатите, здобивајќи сè со сериозни повреди и задушување.

Ова младо момче вчера го имаше последниот меч против екипата на Пелистер, каде од резервниот состав влезе со дрес бр. 77 во 60-тата минута, да, се прекрсти и влезе во игра, последна игра во својот живот, последни 30 минути во неговиот фудбалски свет.

Почивај во мир, патувај во легендите момче! 🖤

Хроника

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД

Објавено пред

на

Почина Агустин Ескобар, претседател и извршен директор на Siemens во Шпанија, заедно со неговата сопруга и трите деца. Тие се идентификувани како жртви на хеликоптерот што во четвртокот се урна во реката Хадсон во Њујорк, според Њујорк пост.

Веб-страницата New York Helicopter Tours објави фотографија од петчленото семејство како позира пред хеликоптерот Bell 206L-4 LongRanger IV.

Полицијата извести дека истиот ден семејството пристигнало на Менхетен од Барселона.

Идентитетот на пилотот останува непознат, а причината за падот е под истрага.

Прочитај повеќе...

Хроника

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

Објавено пред

на

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот  Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1  од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Прочитај повеќе...

Хроника

ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште

Објавено пред

на

На 01.04.2025 во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко . Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.

Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија9 часа

Од денес времена измена на сообраќај на автопат „А1“ делница Демир Капија – Смоквица, ова се информациите

„АМСМ“ известува дека се отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од денес 17.4.2025...

Тајната Вечера, Детаљ од Бигорскиот иконостас, 19 век Тајната Вечера, Детаљ од Бигорскиот иконостас, 19 век
Култура9 часа

„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за четврток (17 април)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Автомобили13 часа

(ВИДЕО) „Lexus“ ќе го претстави целосно новиот „ES“ на саемот за автомобили во Шангај

Lexus ќе го претстави целосно новиот ES на претстојниот меѓународен саем за автомобили во Шангај. Деталите за целосно новиот ES,...

Македонија18 часа

Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец

На 15.04.2025 околу 12 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со...

Магазин23 часа

Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани

Македонскиот најпопуларен пејач Спасен Сиљаноски кој со својот бенд Престиж и пејачот Методија Столески се на турнеа во Австралија истакнаа...

Спорт23 часа

ФФМ и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјално партнери, Јандреоски: „Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на...

Македонија24 часа

МВР: Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп

На 15.04.2025 околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода...

Временска прогноза1 ден

Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (16 април)

ОВЕН Како што ќе изминува денот, ќе бидете се поубедени дека нешто мистериозно се случува околу вас. Барем тоа ќе...

НАЈЧИТАНИ