Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили денес изјави дека владејачката партија Грузиски сон поднела петиција до Уставниот суд за да ги прогласи трите најголеми опозициски партии во земјата за неуставни, објави Ројтерс. Папуашвили на прес-конференција изјави дека петицијата до Уставниот суд бара забрана на Коалицијата за промени, Обединетото национално движење на поранешниот претседател Михаил Саакашвили и блокот „Силна Грузија“ – ...
Владејачката партија на Грузија ќе побара од Уставниот суд да ги забрани трите најголеми опозициски партии, кои се силно прозападни, изјави на 28 октомври висок член на владејачката партија „Грузиски сон“, Шалва Папуашвили. Папуашвили рече дека партиите „практично континуирано го негираат внатрешно-политичкиот и надворешно-политичкиот легитимитет на сегашната влада и владејачката политичка партија на Грузија и, соодветно, нејзината уставност“. ...

