Радио Милева причина за двојна среќа...

Весна Бејби Петрушевска го доби најважниот (постоперативен) роденденски подарок: „Добра сум и ќе бидам најдобра, а денес не кревам телефон“!

Весна Бејби Петрушевска го доби најважниот (постоперативен) роденденски подарок: „Добра сум и ќе бидам најдобра, а денес не кревам телефон“!

Весна Бејби Петрушевска… Има ли некој што не ја знае? И по она што професионално го работи, (а што ли се’ не сработе до сега), до сето она што во животот приватно и се случуваше. Со сите животни премрежја,  професионални и приватни растежи и падови успеваше да се избори и се’ уште тоа го прави. И во миговите кога е најтешко Бејби остана најсилна.

Почетокот на новата 2025 како почеток на нов живот за неа по тешката здравствена дијагноза, операцијата и рехабилитацијата потоа. Која на психички план можеби и се’ уште трае, додека животот за среќа оди понатаму, а со него се редат и годините. Деновиве Бејби влезе во 55-тото лето. Убава, „округла бројка“, со две петки… Една однапред и една одназад, бројка која зборува за возраста на една зрела жена, иако Бејби воопшто не изгледа така. Не ја личи за „средновечна“, туку повеќе за „вечна“ жена, ама годините се тие! До душа, на дамите не им се бројат годините, ама таа не е една од оние што ги крие.

Особено кога на денот на роденденот пред некој ден имаше причина за двојна среќа, за која до душа мораше треперливо да почека… Додека не и ги соопштат постоперативните резултати. По кои, фала му на Бога, роденденската радост беше удвоена.

„Како за 55 на денешен ден сум скроз ОК. Сакајте се себеси, не озборувајте, гледајте си го животот, зборувајте за љубов, за местата кои сакате да ги видите и за среќата на вашите најмили. Немате поим како е кога треба пост оперативно да одите на преглед (како јас денес и мислите помислив дека ми е роденден? Треперите додека ве прегледуваат… Добра сум и ќе бидам најдобра, повторно и повторно. Чувајте се и убав ден. Денес не кревам телефон“ – сподели на денот кога двојно го слави животот Весна Бејби Петрушевска, откако го доби најубавиот и најважен роденденски подарок – резултатотите од контролата кои покажуваат дека е добра.

И дај Боже, нека е така… За уште многу нови родендени, за добро здравје, лична и заедничка среќа, за уште многу нови претстави, за сите убавини на овој свет… Весна Бејби – храбра и одлучна, а роденденската бројка…? Нека биде удвоена!

Фото: Инстаграм и Фејсбук/vesnapetrushevska

To top