Бизнис

Големо намалување на бројот на работници во индустријата

03.04.2025

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 4,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 4,3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2,6 %, кај Капитални производи за 6,3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,3 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 18,0 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2025 година, во споредба со првите два месеца од 2024 е помал за 3,8 %.


 фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО