• Горан Упале
Фудбалерите на Баер Леверкузен минатата сезона ја освоија „двојната круна“ во Германија, а оваа сезона најверојатно ќе ги предадат двата трофеи. Во Бундеслигата заостануваат шест бода во однос на лидерот Баерн на седум кола до крајот, а синоќа сензационално се елиминиран во полуфиналето на германскиот Куп од третолигашот Арминија, откако загубија во Билифилд со 2-1.
Ова е секако главна тема во германскиот спортски печат, а еден од насловите е видеото кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како играчот од средниот ред Гранит Џака имаше жестока расправија со гневните навивачи на Леверкузен.
Навивачите разбирливо не беа воопшто задоволни од резултатот и настапот на својот тим синоќа, па од трибините се слушаа гласни свирежи по завршувањето на натпреварот. Штом судијата досуди крај, капитенот Џака се упати кон трибините за да разговара со нив и да им се извини на тимот, но работите брзо ескалираа.
Granit Xhaka geriet mit den eigenen Fans aneinander, gestenreich diskutierte der Anführer von Bayer Leverkusen vor dem Auswärtsblock mit den aufgebrachten Anhängern.#skypokal #dfbpokal pic.twitter.com/SIcpljQtrK
— Sky Sport (@SkySportDE) April 1, 2025
Сите го знаеме темпераментот на капитенот на швајцарската репрезентација, а ова не му е прв конфликт со навивачите на клубот во кој настапува. Во 2019 година, кога играше за Арсенал, беше исвиркан додека го напушташе теренот на натпреварот против Кристал Палас и реши да им возврати на навивачите.