Бизнис

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ПЛАНИРААТ НОВИ ОТПУШТАЊА НА РАБОТНИЦИ

27.03.2025

Германските компании планираат отпуштања, а ситуацијата на пазарот на труд останува тешка, посочува Институтот за економски истражувања ИФО во извештајот за март.

Вредноста на индексот што ја мери подготвеноста на компаниите да отпуштаат и вработуваат благо се намали во март на 92,7 поени во однос на февруари годинава ( 93 поени).

- Ситуацијата на пазарот на трудот останува сложена, а невработеноста најверојатно ќе продолжи благо да расте, вели директорот за истражување на ИФО, Клаус Волербе.

Најмногу отпуштања се планирани во индустријата. Овој тренд трае речиси две години и ги засега речиси сите компании од секторот.

Давателите на услуги, исто така, станаа повнимателни во планирањето на персоналот. Состојбата во малопродажниот сектор е нешто подобра, но многу трговци се уште сакаат да го намалат бројот на вработени.

Во градежната индустрија засега не се планирани поголеми промени.

Поради слабата економска перспектива, бројот на невработени во Германија годинава се очекува да продолжи да расте и да надмине три милиони за првпат по десет години, пренесува Блиц.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО