Радио Милева штедлива и рационална

Пола ја троши, пола ја остава на страна: Еве колкава пензија зема Сузана Манчиќ (фото)

Пола ја троши, пола ја остава на страна: Еве колкава пензија зема Сузана Манчиќ (фото)

Водителката Сузана Манчиќ во една прилика проговори за својата пензија, а откри и колку заработила по децении работа.

Имено, Сузана на почетокот не сакала да зборува за висината на пензијата, а како што се наметнала темата на се’, случајно открила за каква цифра станува збор.

– „Понекогаш имаш пари, па можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но немањето не е страшно. Страшно е кога немаш пари за лекови, за некои основни работи, но фала богу, пензијата доаѓа. Реков на некој колку ми е пензијата, па порталите изгореа како „Скандалозно е колку е пензијата на Сузана Манчиќ, 53.000, (околу 25.000 денари). Па добро, за не дај Боже, луѓето да живеат од таква пензија“, изјави Сузана за „Грандонлајн“, и истакна дека секогаш рационално ги потрошила парите.

Сузана тврди дека може добро да живее со пензијата бидејќи не ја троши.

– Не отиде некаде „пуф“, во кафеана, до некој порок, не знам што… Па од таа пензија можеш да живееш, особено ако работиш нешто на страна. Прекрасно.

Инаку, водителката своевремено за Блиц откри дека има големо жалење, што покрај кариерата како водителка, не се посветила на снимање песни, за на крајот се да круниса со голем концерт, но животот имал други планови за неа.

фото:Instagram printscreen/suzanamancicofficial

To top