Здравствените установи низ земјата започнаа со објавување конкурси за вработување на специјализанти, како дел од планот за пополнување 300 предвидени места. Досега се распишани 45 конкурси, а очекувањата се дека процесот ќе биде целосно заокружен во наредниот период, соопштуваат од здружението на Лекари Специјализанти (ЗЛС).
Меѓу првите установи што распишаа конкурси се Клиниката за неврохирургија, Клиниката за педијатрија, Клиниката за пулмологија, Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, како и повеќе болници низ државата, вклучувајќи ги Клиничката болница Битола, Општата болница Кичево, Општата болница Прилеп и други.
Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) најави дека активно ќе го следи процесот на вработување за да се обезбеди правично и транспарентно рангирање на кандидатите.