ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.05.2024
Бешлиовска: По 40 медицински сестри месечно заминуваат од јавното здравство
Автор: Goce Author

Има голем одлив на медицински сестри во странство, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“.

Неофицијално,  вели Бешлиевска, според побарувањата за исписници и потврди што ги бараат од кај нас во Здружението, за да си ја комплетираат документацијата за во регионот и Европа, имаме многу голем одлив. Имавме дури период после пандемијата со Ковид-19, кога на месечно ниво до четириесет медицински сестри заминуваа од сите нивоа на јавниот здравствен систем, појасни таа, одговарајќи на новинарско прашање.

Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“.

Проблемот не бил во тоа што заминувале само во странство, туку и во приватните здравствени институции, а заминувале и воопшто од професијата. Затоа, подвлече таа, многу е важно да се има автономност во професијата, здрава работна околина, подобри услови за работа, веднаш да се реагира, за да не се биде нација што ќе остане без медицински сестри.

Бешлиовска даде изјава за медиуми, непосредно пред традиционалната свечена академија, на која ќе се доделуваат признанија за најхумана медицинска сестра.

– Нашето мото на оваа манифестација во рамките на неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“. Сестрите се силата на здравата нација. Континуирано на различни начини ја браниме професијата, нагласи таа, потсетувајќи и на хуманитарни активности организирани во изминатиот период.

Бешлиовска рече и дека биле маргинализирани во однос на многу нивни барања досега, иако редовно го кревалегласот и реагирале. Изрази надеж дека конечно професијата ќе се изрегулира со закон.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Штип УГД во борба за одбојкарската титула