• петок, 14 март 2025

Русија ги повикува политичките сили во Србија на воздржаност

Русија ги повикува политичките сили во Србија на воздржаност

Moсква, 13 март 2025 (МИА) - Русија ги повикува политичките сили на Србија на воздржаност поради случувањата во земјата и очекува брза нормализација преку дијалог, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Уште еднаш повикуваме на воздржаност од сите инволвирани во настаните што се случуваат во оваа земја. Важно е да се разбере колку висока може да биде цената на непромислените чекори, кои се диктирани од емоциите и кои можат да бидат испровоцирани. Очекуваме што поскоро да се нормализира ситуацијата преку дијалог што покажува меѓусебно почитување“, порача Захарова, одговарајќи на новинарско прашање за протестот закажан за сабота, 15 март. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан