Кунде е „фудбалски Супермен“ – ќе го игра 100. меч во низа

Жил Кунде е најавен како сигурен стартер во тимот на Барселона за утрешниот меч со Борусија Дортмунд во Лигата на Шампионите, со што ќе продолжи неверојатната серија на францускиот репрезентативец.

Имено, одличниот дефанзивец настапи на сите претходни 99 меча во низа што ги имаа Барселона и Франција во своите официјални календари. Сезонава Барса одигра 47 средби, Франција имаше осум меча, а Кунде беше дел од својот клуб и репрезентација на сите натпревари. Оваа серија се протега и во голем дел од ланската сезона, ако се знае дека последниот меч на кој Кунде не настапи ниту минута беше оној на 28 ноември 2023 година, од ЛШ против Порто.

Апсолутниот рекорд на еден фудбалер на Барселона во клупската историја е оној на Антонио Торес со 136 натпревари во низа, Кунде моментно е на 88, но доколку продолжи во ваков ритам Французинот следната сезона би можел да стане и рекордер на каталонскиот гигант во оваа категорија.

Се вчитува...