ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Жената најдена во Вардар е исчезнатата Лидија

15. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРГАТА:

24инфо.мк дознава дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери.

Потврда за тоа порталот доби од нејзините најблиски.

Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.

Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата